HomeАктуелноСтруга домаќин на Националното првенство во триатлон – посебен сообраќаен режим денеска

Струга домаќин на Националното првенство во триатлон – посебен сообраќаен режим денеска

Денеска, 23 август, во Струга ќе се одржи Националното првенство во триатлон, традиционален настан во организација на „Triathlon 3Disciplines Struga“, со техничка поддршка од Триатлон федерацијата на Македонија и Општина Струга.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За непречено и безбедно одржување на натпреварот, сообраќајот на улицата „Партизанска“ ќе биде затворен од 07:30 до 13:00 часот, на делницата: од кружниот тек кај Универзитетот ФОН до кружниот тек кај „Еуро Хотел“. Ограничувањето на сообраќајот е неопходно за безбедно одвивање на дисциплините пливање, велосипедизам и трчање, велат од Општина Струга.

Воедно, ги повикуваат граѓаните и сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање и да ги почитуваат привремените сообраќајни ограничувања.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.