HomeАктуелноСтруга забрзано ги легализира дивоградбите: 110 решенија за само осум месеци

Струга забрзано ги легализира дивоградбите: 110 решенија за само осум месеци

Постапката за легализација на бесправно изградени објекти во Општина Струга добива забрзано темпо. Денеска градоначалникот Менди Ќура доделил 42 нови решенија за легализација, со што бројот на завршени предмети годинава достигна 110.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Општина Струга информираат дека работата продолжува, при што 30 предмети се во завршна фаза, додека уште 70 предмети се во почетна фаза на обработка и се очекува да бидат завршени до крајот на годината.

Комисиите за легализација секојдневно се на терен, каде што вршат проверки, комуницираат со граѓаните и работат на комплетирање на потребната документација за предметите, велат од локалната.

Според податоците на Општината, во текот на целата 2025 година биле обработени 60 предмети, додека за само осум месеци годинава се завршени 110.

Зголемениот број на решени предмети е резултат на поинтензивната работа на Секторот за урбанизам и комисиите за легализација, со цел да се забрзаат постапките и да се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните, додаваат од Општината.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.