Телото на М.П. (29) кое на 16-ти овој месец исчезна во водите на браната кај селотор Дравош, денес беше пронајдено од тим на струмичките пожарникари.
Веста ја соопшти ТППЕ Струмица на својата фејсбук страница, откако утрово нивниот тим се вклучи во потрагата по исчезнатото момче. Завчера во потрагата се вклучија и жители на селото Дабиле, кои со чамец и сонари ја пребаруваа браната.
Како што беше објавено на нивната фексубк страница, сонарите детектирале објект во водата, а денеска со помош на пожарникарите е извлечено телото на удавеното момче.
После пребарувањето на водите во браната кај село Дрвош, тимот од пожарникари-спасители од ТППЕ Струмица успеа да го пронајде и извлече безживотното тело на 29 годишното момче кој исчезна пред 7 дена, информираат пожарна Струмица.
