Познатиот македонски писател, фотограф и доктор Владимир Плавевски почина на 74-годишна возраст.
Плавевски зад себе остави големо книжевно творештво, фотографии, сценарија за театарски драми, радио-драми и неколку филмови.
Автор е на сценарија според кои за Македонската радио-телевизија досега се снимени повеќе од 40 епизоди од играните серии: „Еурека“, „Прекалени“, „Светски бајки“, „Македонски бајки“ и „Златни басни“.
Сценарист е и на ТВ-филмовите: „Состојба пред инфаркт“ (1987), „Бог да ги убие шпионите“ (1993) и „Вампирџија“ (2002), „Бои во времето“ (2005, специјална награда „Златен проектор“ на Астер-фест 2006); „Нави“ (2007), а режисер и сценарист на тв филмот „Мултиплеј“ (2008).
