Мики мораше да остане во Белгија заради семејната трагедија што му се случи, а потоа кога се врати, реши да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“.
Мики Секуловски со својата харизма што ја поседува ги освои сите во „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои високото второ место.
Тој цело време важеше за еден од фаворитите во шоуто, а финалната вечер покажа и дека сите оние што навивале за него биле во право.
Имено, Мики со своите настапи пред милионскиот аудиториум ги остави сите без зборови и потполно заслужено се пласираше меѓу тројцата најдобри, и тоа заедно со уште една пејачка од Македонија.
Мики Секуловски, Андријана Петрушовска и Шејла Зониќ останаа последни да се натпреваруваат за победа и по последниот пресек, а според гласовите на публиката, трофејот го однесе Шејла.
„Навистина ми е драго публиката што има слух, да слушне и да знае што чини. Среќна сум, ова е Божја правда, апсолутно“, вели Цеца.
Возбуден од неочекуваното второ место е и Мики кој преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите што гласале за него.
Но и покрај тоа што шармантниот велешанец на сцената доминираше во сите изминати кругови, речиси никој не знаеше што се случуваше во неговиот приватен живот и низ што поминува Мики.
Како што самиот откри тој имаше тешка животна судбина, но му се случи и голема семејна трагедија за која зборуваше во „Гранд“.
Како што откри самиот непосредно пред финалето, пред неколку години заминал во Белгија за да го посети семејството. И бидејќи неговиот татко бил болен од рак на дебелото црево, решил да остане и да им помогне на својот брат и мајка, едно време работејќи и како келнер.
„Кога татко ми почина јас се вратив. Тоа беше пред две години“, раскажа Мики за Гранд откривајќи уште неколку детали од приватниот живот истакнувајќи дека заради семејните проблеми во Белгија едноставно морал да остане и тоа било така пет години.
На крајот се вратил и одлучил да се пријави во „Ѕвездите на Гранд“, одлука која ќе му го промени животот.
Да, на Мики по овој генијален резултат сите врати му се отворени кога станува збор за неговата музичка кариера.
Како што и претходно открија од продукцијата, покрај победникот и останатите финалисти ќе бидат наградени. И пред нив е блескава иднина, па така покрај договорот со најголемата продукциска куќа и грижа околу нивните настапи, некои од нив ќе добијат и песна. Покрај тоа ќе добијат и маркетинг поддршка од страна на продукцијата, впрочем како и многу други ѕвезди кои се родиле токму на грандиозната сцена во „Ѕвездите на Гранд“ каде за прв пат се претставиле пред пошироката публика. Некои од нив не биле победници, но направиле голема кариера, а со резултатот што го направи Мики и со војската фанови покрај себе, тој веќе е ѕвезда за која сме сигурни дека ќе остане уште долго време да сјае на нашето небо. Тој тоа потполно го заслужи, а дека тоа навистина е така, потсетете се и од неговите брилијантни настапи во шоуто.
