HomeАктуелноТаравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно

Таравари: Лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е бесплатно

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е генерално бесплатно.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулации дека се собираат пари за лекувањето, тој одговори дека нема потреба за изнесување невистини.

Генерално во 99 проценти е бесплатно лекувањето и нема потребаа никој да собира пари.Така што, нема потреба за шпекулации и за невистини. Ова е вистината која што е објавена пред три-четири дена, не е од сега. Можеби во некоја држава, меѓутоа, генерално 99 проценти од лекувањето во сите држави е бесплатно, рече тој.

Додаде дека Владата обезбедила средства за патување и сместување на по двајца родители или членови на семејство на пациентите во сите држави.

Министерот на денешната прес-конференција по редовниот состанок на кризниот штаб во Министерството за здравство информираше дека бројката на пациенти што се лекуваат во моментов е 162, а денеска 10 од пациентит кои лежат во државата ќе бидат испишани.

Во несреќата што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица а над 150 се повредени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.