HomeАктуелноТетовец и малолетничка повредени откако автомобил излета во Вардар

Тетовец и малолетничка повредени откако автомобил излета во Вардар

Тетовец и малолетничка се телесно повредени откако автомобил синоќа излета во водите на Вардар во тетовско. Од полицијата информираат дека случајот е пријавен во 19:40 часот, дека на локалниот пат за село Челопек, кај мостот на река Вардар, патничко возило „голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.М.(39) од Тетово, излетало во реката. -Притоа со телесни повреди се здобиле возачот и една малолетна сопатничка, констатирани во Клиничката болница Тетово, информира МВР. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.