Регионалниот ЦУК Велес, известува за пожар на отворен простор на потегот од Свети Николе кон с.Горобинци од левата страна на патот.
Пожарот на отворено е појавен во 23:20 часот.
Интервенираат пожарникарите од ТППЕ Свети Николе со 4 пожарникари и 2 ПП возила, како и дел од мештаните со неколку трактори за одржување на местото, со цел да се спречи проширување на пожарот.
