Вечерва на булеварот „Туристичка“ во Охрид се случила тешка сообраќајна несреќа, кога возило со марка „Volkswagen Golf“ излетало од коловозот, влегло на пешачки премин и удрило во метална ограда.
Според првичните и неофицијални информации, најмалку две лица( пешаци) се потешко повредени.
На местото на несреќата веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, како и припадници на полицијата кои започнале увид на местот на несреќата.
Засега не е познато во каква здравствена состојба се повредените, ниту дали возачот бил под дејство на алкохол. Се очекува повеќе информации од СВР Охрид по завршувањето на увидот.
