HomeАктуелноТешка сообраќајна несреќа близу Волково

Тешка сообраќајна несреќа близу Волково

На 11.09.2023 во 23.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница на град Скопје, на автопатот Скопје – Тетово, после клучка Волково, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Љ.(35) од с.Копаница, скопско, патничко возило „рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ќ.З.(64) од Тетово и товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Ф.(50) од Гостивар.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле М.Љ. и сопатничка од возилото „рено клио“, С.З.(61) од Тетово, а со телесни повреди се здобил Ќ.З., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, стои во денешниот билтен на МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.