Вечерва се случила тешка сообраќајна несреќа на патот од Драчево кон Студеничани во Скопје, објави порталот „4news.mk“.
Првите информации се дека во судирот учествувале мотор и трактор, а порталот пишува дека според неофицијални информации има и загинати.
Патот е затворен за сообраќај, а наскоро се очекуваат повеќе детали.
