Поради тешка сообраќајна несреќа во целосен прекин е патот Гостивар-Стража.
Според првичните информации, три автомобили се судриле и поради тоа патот е целосно блокиран.
На лице место присутна била полицијата, пожарна и брза помош. Во моментов нема информации каква е здравствената состојба на патниците кои се наоѓале во автомобилите. Формирана е километарска колона поради несреќата.
