HomeАктуелноТешка сообраќајна несреќа, повредени неколку лица

Тешка сообраќајна несреќа, повредени неколку лица

Три лица се повредени попладнево во сообраќајка во Струмица откако две возила се судриле на крстосницата од улиците „Климент Охридски“ и „Братство и Единство“, а едното од нив од ударот се превртело.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според информацијата од СВР Струмица, попладнево околу 16:30 часот во Полицисиката станица во Струмица било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа меѓу автомобил „шеворлет“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Б. (77) од Струмица и товарно возило “фиат“, исто така со струмички регистарски таблички, управувано од К.Л.(45) од Струмица.

Тешко повреден е возачот на товарното возило, а со телесни повреди се здобиле возачот В.Б. и сопатникот во патничкото возило Г.Б.(75)

Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.