HomeАктуелноТоплотниот бран ја зголемува опасноста: Власти предупредуваат на нови шумски пожари

Топлотниот бран ја зголемува опасноста: Власти предупредуваат на нови шумски пожари

Голем шумски пожар беснее во јужна Албанија, принудувајќи ги властите да евакуираат околу 15 семејства од селото Рибан, во регионот Малакстер. Покрај жителите, од загрозеното подрачје биле евакуирани и нивниот добиток и домашните миленици.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Огнената стихија брзо се проширила поради екстремно високите температури, сувата вегетација и силниот ветер, при што пламените јазици опасно се приближиле до куќите. Жителите ги напуштале своите домови во последен момент, носејќи ги најнеопходните работи и животните.

Во справувањето со пожарот се ангажирани пожарникари, припадници на Силите за брза интервенција (ФНСХ), полицијата и службите за цивилна заштита. Од воздух, во гаснењето учествуваат хеликоптер на Министерството за одбрана и авион „Канадер“, кои се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат негово понатамошно ширење.

Според првичните информации, пожарот зафатил голема површина и предизвикал значителна штета врз вегетацијата. Надлежните служби и понатаму остануваат на терен во обид целосно да ја стават огнената стихија под контрола.

Албанските власти деновиве повторно предупредуваат на зголемен ризик од шумски пожари поради продолжениот топлотен бран и сушните временски услови, апелирајќи до граѓаните да бидат внимателни и да не преземаат активности што би можеле да предизвикаат нови пожари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.