HomeАктуелноТопло добредојде за новите првачиња во Дебрца

Топло добредојде за новите првачиња во Дебрца

Пред почетокот на новата учебна 2022/2023 година во основното образование, градоначалникот на Општина Дебрца Зоран Ногачески приреди свечен прием за првачињата, кои од утре, први септември за прв пат ќе седнат во училишните клупи во ООУ Дебрца.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Свечен прием на првачињата пред почетокот на новата учебна 2022/2023 година во основното образование кои од утре, први септември за прв пат ќе седнат во училишните клупи во ООУ Дебрца им приреди градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески.

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата уште еднаш ја потенцирав нашата заложба дека како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во Општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите, вели Ногачески.

Од родителите, вели, побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности.На првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“, сопственост на Г-динот Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари.Инаку, оваа година за првпат општината за секое прваче ќе додели еднократна парична помош од по 5.000 денари.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.