HomeАктуелноТрагање по исчезнатото момче од Неготино: Полициските власти преземаат сите мерки за негово пронаоѓање

Трагање по исчезнатото момче од Неготино: Полициските власти преземаат сите мерки за негово пронаоѓање

Се трага со сите ресурси по исчезнатото момче од Неготино, потврдија денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. Оттаму рекоа дека ги преземаат сите мерки и активности за негово пронаоѓање.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во петокот, од СВР Велес рекоа дека во четвртокот вечерта, неговиот татко пријавил дека син му се оддалечил од домот.

-Во четвртокот вечерта во 18 часот во Полициска станица Неготино, Д.Т.(60) од Неготино, пријавил дека од семејниот дом се оддалечил неговиот син М.Т.(28), кој имал здравствени проблеми. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштија тогаш од Секторот за внатрешни работи Велес.

Во изминативе денови на социјалната мрежа Фејсбук има повици за пронаоѓање на 28-годишниот М.Т., кој последен пат бил забележан во кавадаречкото село Марена. Според семејството, заминал на работа во Кавадарци облечен во работничка опрема со црн елек.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.