HomeАктуелноТРАГЕДИЈА ВО БОСНА: Ја загуби бремената сопруга во катастрофалните поплави во Босна

ТРАГЕДИЈА ВО БОСНА: Ја загуби бремената сопруга во катастрофалните поплави во Босна

Трагедија го погоди семејството на Дино Бегиќ од областа на Јабланица, за време на разорните поплави што неодамна ја погодија Босна и Херцеговина. Неговата бремена сопруга Ајла (28) загина кога врз неа паднало дрво, додека се обидувала да се засолни заедно со нивната 5-годишна ќерка Далал, која за чудо преживеала.
Дино и неговиот татко се бореле со поројната вода пред куќата, обидувајќи се да спречат поплавување.

Во момент на паника, по големи удари од поројот, Дино му рекол на татко му да се засолни, додека тој ги оставил жената и ќерката во куќата, мислејќи дека таму се безбедни.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Меѓутоа, набрзо, дрво паднало врз неговата сопруга, која за жал не преживеала.

Нивната куќа била целосно уништена во поплавата, а сега престојуваат кај роднини.

Поплавите што ја зафатија областа ги одзедоа животите на најмалку 20 луѓе, од кои 13 во подрачјето на Јабланица, додека повеќе лица сè уште се водат како исчезнати.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.