HomeАктуелноТрагедија во Охрид: Мртво тело извлечено од езерото пред Градскиот кеј

Трагедија во Охрид: Мртво тело извлечено од езерото пред Градскиот кеј

Беживотно тело попладнево околу 14 часот е пронајдено во водите на Охридското Езеро, пред плажа на Градскиот кеј во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, кој истакна дека врз телото немало траги на насилство.

Местото е обезбедено и во тек е истрага која треба да ги утврди причините за трагичниот настан и околностите што довеле до него.

На лице место била повикана екипа на Службата за итна медицинска помош, која само констатирала смрт.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.