HomeАктуелноТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Двајца мртви, малолетник повреден

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Двајца мртви, малолетник повреден

Нов крвав ден во Скопје. Утрово според познатите информации во скопската населба Волково, кираџија го убил газдата на куќата во која живеел, го повредел малолетниот син на сопственикот и потоа си пресудил на себе.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Целата драма според информациите се случила утрово, а во МВР трагедијата била пријавена во 9 часот.

Во полицијата било пријавено пукање од огнено оружје, при што неколку лица биле повредени. Полицајците излегле на терен и констатирале дека Р.Ц. и М.Н. починале на местото на смртта, а тоа го потврдил и лекар од итната медицинска помош.

Во инцидентот со повреди се здобил малолетник кој бил пренесен во клиниките Мајка Тереза.

МВР презема мерки за да го расчисти овој случај.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.