HomeАктуелноТРАГЕДИЈА – Момче (13) избоде до смрт наставничка во училиште

ТРАГЕДИЈА – Момче (13) избоде до смрт наставничка во училиште

Вчера 13-годишен ученик со нож уби 71-годишен наставник и рани уште тројца наставници и двајца ученици во јавното училиште Томазија Монторо, потврдија државните власти.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Повредените во нападот моментално се опоравуваат и се надвор од животна опасност.

Осомничениот напаѓач е приведен, а истрага води државната воена полиција.

– Нашите напори се насочени кон помош на ранетите и утеха на членовите на семејството – напиша гувернерот Тарицисио де Фреитас (Тарсио) на социјалните мрежи.

Ученикот на новинарите пред училиштето им рекол дека напаѓачот минатата недела навредил друг ученик, а наставникот што го избодел до смрт се обидел да го реши конфликтот.

Напаѓачот го нарекол другиот ученик „стаорец“, а на другиот тоа не му се допаднало и почнале да се караат“, изјавил 13-годишниот Габриел Ливраменто, кој е во исто одделение со осомничениот.

Тој додаде дека на напаѓачот не му се допаднало како реагирала наставничката и рекол дека ќе преземе нешто.

Вчера напаѓачот со маска на череп влегол во училницата и одзади ја нападнал наставничката. Ливраменто рече дека тогаш целото одделение почнало да бега. Властите на прес-конференција потврдија дека напаѓачот на Интернет барал начини да дојде до огнено оружје. Имаше и информации дека претходно бил префрлен од друго училиште.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.