HomeАктуелноТРАГЕДИЈА: Почина бебе, мајката го донела со скршеници, родителите уапсени

ТРАГЕДИЈА: Почина бебе, мајката го донела со скршеници, родителите уапсени

Во Виена почина тримесечно бебе чии родители се од Србија. Тие биле приведени по смртта на детето, бидејќи се претпоставува дека бебето починало како последица на траума. Бебето во болница го донела неговата мајка, а лекарите веднаш констатирале дека детето има неколку скршеници.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Бебето веднаш било префрлено во АКХ, каде лекарите се бореле за неговиот живот, но за жал, сите нивни напори и обиди биле неуспешни бидејќи повредата на мозокот што ја имало детето била повеќе од сериозна.

Бебето се родило на крајот на ноември 2023 година. Под истрага се 29-годишниот татко и 26-годишната мајка. Наводно има и докази дека бебето претрпело тешка траума, како и дека имало скршеници. Наредена е обдукција на телото. Родителите имаат и двегодишна ќерка која моментално е сместена во згрижувачко семејство.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.