HomeАктуелноТрипуновски: Со паметни инвестиции и визија, македонското земјоделство станува современо и атрактивно

Трипуновски: Со паметни инвестиции и визија, македонското земјоделство станува современо и атрактивно

Ме радува што земјоделството во Македонија континуирано покажува дека има потенцијал да биде современо, продуктивно и атрактивно – сектор што со јасна визија и долгорочен план, нуди големи можности, а не ограничувања, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски на денешниот настан во Кичево.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При денешната посета на млекарата и производствените погони на задругата „Крнино“, сместени при Манастирот Пречиста Богородица во кичевскиот регион, се уверив како паметните инвестиции и посветената работа придонесуваат за развојот на аграрниот сектор“, посочи министерот.
Тој додаде дека досега задругата успешно реализира три проекти за модернизација на линијата за снабдување со свежо кравјо млеко, поддржани од ЕУ – ИПА програмата, Министерството за земјоделство, Македонската асоцијација на земјоделски задруги и Македонската развојна фондација.
„Задругата „Крнино“ со првиот Млекомат во државата е пример за модернизацијата што го подигна квалитетот и создава услови за одржливо функционирање. Овој успех нека биде пример што треба да го следиме, а ние како Министерство ќе продолжиме да бидеме партнер и поддршка на земјоделците, додаде министерот Трипуновски.

Заедно можеме да изградиме посилно и посовремено земјоделство за идните генерации, истакна тој.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.