HomeАктуелноТројца македонски државјани ја контактирале Амбасадата откако пожари ја зафатија Грција, безбедни се на островот Родос

Тројца македонски државјани ја контактирале Амбасадата откако пожари ја зафатија Грција, безбедни се на островот Родос

Во врска со пожарите кои ја зафатија Грција, информираме дека заклучно со денешниот ден, тројца државјани на Република Северна Македонија ја контактирале нашата Амбасада во Атина. Истите се наоѓаат на безбедно место, на грчкиот остров Родос, информираа денеска од Министерството за надворешни работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од МНР потенцираат дека Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, продолжуваат да бидат во постојана комуникација со надлежните институции на Грција.

Упатуваат апел да се избегнува туристичко или какво било друго патување во загрозените подрачја.

За повеќе информации, на располагање се СОС телефонот на МНР 075/ 273- 732 и дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.