HomeАктуелноТурист ограбен во хостел, закани по живот и напад врз жена – драматичен билтен од Охрид

Турист ограбен во хостел, закани по живот и напад врз жена – драматичен билтен од Охрид

Во текот на изминатите денови, СВР Охрид евидентираше повеќе сериозни настани, меѓу кои кражба од странски турист, закани по живот, семејно насилство и случај со малолетничка која завршила во болница.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 20 март 2026 година во 14:40 часот, 40-годишен сопственик на хостел во Охрид пријавил дека негов гостин, 24-годишен државјанин на Јужна Кореја, бил ограбен од лице од Косово со кое престојувал во иста соба. Според пријавата, му биле одземени пари, а кога сопственикот телефонски побарал од осомничениот да ги врати, добил закани по живот. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Истиот ден во 21:35 часот, 28-годишна жена од Охрид пријавила дека нејзиниот поранешен партнер подолг период ја вознемирувал и физички ја напаѓал, иако претходно не ги пријавила настаните. Според нејзината изјава, тој повторно ѝ се заканувал и ја следел додека се враќала од работа, по што случајот бил пријавен во полиција. Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки и ќе следува соодветен поднесок.

Во раните утрински часови на 21 март, во 01:21 часот, од Итната медицинска помош било пријавено дека во охридската болница била донесена 15-годишна малолетничка, која најверојатно се затрула со таблети. Се работи на утврдување на околностите под кои се случил настанот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.