HomeАктуелноУапсени двајца охриѓани на магистралниот пат Гостивар-Кичево

Уапсени двајца охриѓани на магистралниот пат Гостивар-Кичево

На 10.11.2023 година во 21.45 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, во близина на деловен објект лоциран на магистралниот пат Гостивар-Кичево, од слобода ги лишија Г.М.(47) и Д.Б.(27), двајцата од Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При преглед во патнички автомобил „Мини Купер” во кој се превезувале, пронајдена и одземена е зелена тревкаста растителна материја. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.