HomeАктуелноУапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера

Уапсени две лица кои сакале да крадат од зградата во Чаир која гореше вчера

Министерството за внатрешни работа информира дека две лица денеска се лишени од слобода поради обид за кражба од зградата на улица „Серава“ во Скопје во која вчера настана пожар. По документирање на случајот, дополнуваат, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Пожарот што избувна вчера во подрумски простории во зграда во скопската населба Чаир беше целосно изгаснат денеска. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, состојбата со опожарениот дел на зградата и состојбата на становите во зградата допрва ќе се утврдува.

Дел од медиумите објавија дека се опожарени простории кои се користеле како магацински простор од страна на фирма во кој имало големо количество пластични производи.

Во меѓувреме, се очекува да започне увидот на Министерството за внатрешни работи

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.