На 03.12.2022 во 22.40 часот на наплатната станица Сопот на автопатот Скопје – Велес, полициски службеници од СВР Велес ги лишиле од слобода В.Ј.(39) и М.Т.(40), двајцата од Гевгелија и Д.П.(35) од Богданци.
При преглед кај нив и во патничко возило „фолксваген бора“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал Д.П., а сопатници биле другите две лица, кај В.Ј. била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
