HomeАктуелноУкраински власти соопштија дека во текот на ноќта собориле 13 дронови лансирани од Русија

Украински власти соопштија дека во текот на ноќта собориле 13 дронови лансирани од Русија

Украинските власти денеска соопштија дека собориле 13 експлозивни дронови од иранско производство од вкупно 15 лансирани од Русија во текот на ноќта.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

– Руските освојувачи ја нападнаа Украина од север со дронови Шахед-131/136, соопштија украинските воздухопловни сили.

Евидентирани се вкупно 15 лансирања на беспилотни летала, а уништени се 13 „Шахеди“.

Според воената администрација на Киев, беспилотни летала биле лансирани и врз главниот град на Украина, но сите биле соборени и немало жртви или материјална штета.

Локалните власти додадоа дека испораката на западни системи за противвоздушна одбрана и помогна на Украина поефикасно да се спротивстави на тие закани во последните недели.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.