JУМЦСР Охрид ќе поднесе тужба за клевета во Основен суд Охрид за поизнесените информации во јавноста.
Јавна Установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Охрид ги демантира изнесените невистини на социјалните мрежи кои деновиве предизвикаа бура реакции од јавноста.
Од Меѓуопштинскиот центар за powerinfo.mk велат дека до лицето М.Х и еден веб-портал кој ја пренел информацијата ќе биде поднесена соодветна пријава, бидејќи ваквото однесување и произнесување на невистини во јавноста нанесуваат сериозна штета на угледот ЈУМЦСР Охрид.
Имено, од таму велат дека згрижувачот на ден 05.03.2025 поднесе барање за еднострано прекинување на договорот за згрижување, кратко додаваат од таму.
