HomeАктуелноУтре почнува новата учебна, бројот на ученици намален за 17 илјади во изминатите седум години

Утре почнува новата учебна, бројот на ученици намален за 17 илјади во изминатите седум години

Утре почнува новата учебна 2024/25 година за сите ученици во основното и средното образование. Според податоците на МОН, новата учебна година ќе почне за 245 илјади ученици во основните и средните училишта, бројка што е намалена за 17 илјади во последните седум години.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во истиот период бројот на првачиња е намален за околу 3.500 илјади. Ова е погубно и разочарувачки и е резултат на лоште политики, не само во образованието, туку во сите општествени сегменти, рече на денешната прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Таа најави дека постоечките политики ќе ги заменат со нови и прогресивни во чие креирање, како што рече, ќе учествуваат сите оние кои се засегнати. За тие политики да бидат спроведени, додаде, ќе биде обезбеден поширок консензус.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.