HomeАктуелноУХМР најавува локални поројни врнежи во ноќните часови, времето нестабилно и утре

УХМР најавува локални поројни врнежи во ноќните часови, времето нестабилно и утре

– До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Како што информира УХМР, процесите локално, особено во ноќните часови ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Утре ќе биде променливо облачно и свежо, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Според УХМР, од понеделник се очекува постепено стабилизирање на времето со брз пораст на дневните температури.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.