Внимание во текот на вечерва и во текот на ноќта – се очекува засилен до силен југозападен ветер, кој во западните делови на земјата повремено ќе надминува 80 километри на час.
Според прогнозата на УХМР, нестабилното време ќе биде проследено и со повремени врнежи од дожд, а во западните делови се очекуваат и пообилни врнежи, со над 15 литри дожд на квадратен метар.
Во Охрид денес максималната температура достигна до 21 степен, но вечерва се очекува влошување на временските услови, со дожд и засилен југозападен и западен ветер.
Силниот ветер ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, при што во западните делови повторно се очекуваат засилени налети.
Граѓаните се советуваат да бидат внимателни при движење на отворено, особено во близина на дрвја, предмети кои можат да бидат однесени од ветерот и на места изложени на силни налети.
За Охрид особено внимание се препорачува во вечерните и ноќните часови, кога временските услови ќе бидат најнестабилни.
