HomeАктуелноУХМР со нова метео прогноза: Дожд, грмежи, ветер, а некаде и снег следните денови

УХМР со нова метео прогноза: Дожд, грмежи, ветер, а некаде и снег следните денови

УХМР соопшти дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен југозападен ветер, се вели во издаденото метео предупредување.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според синоптичарите кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен северен ветер што ќе услови на планините и на некои повисоки места врнежите да преминат во слаб снег.

Од УХМР во метео предупредувањето наведуваат дека од вторник ќе биде ветровито и студено со значително пониски дневни температури. Ќе дува силен северен ветер, наместа со брзина и над 70 км/час. Потоа во следните денови времето ќе биде стабилно со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.