HomeАктуелноУченик во основно школо во Скопје вперил пластичен пиштол кон други ученици

Ученик во основно школо во Скопје вперил пластичен пиштол кон други ученици

Полицијата извршила службен разговор со детето во присуство на родителите, педагогот, психологот и директорката на училиштето, а инцидентот е пријавен и во обвинителството и во Центарот за социјални работи

Дете во основно школо во Чаир, Скопје, отишло во училиште со пластичен пиштол и го вперило кон други ученици. Потоа, пиштолот ѝ го предал на директорката.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Инцидентот се случил вчера, а го потврдија и од МВР.

На 5.5.2023, околу 12 часот, во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во училиштето, постапувајќи по претходна пријава од директорката на училиштето дека извадил пластичен пиштол (играчка) и го насочил кон други ученици, а потоа ѝ го предал нејзе, велат од МВР.

За случајот се известени јавен обвинител за малолетници и Центарот за социјални работи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.