HomeАктуелноУште една интересна техника за бојадисување на Велигденски јајца, еве што ви е потребно

Уште една интересна техника за бојадисување на Велигденски јајца, еве што ви е потребно

Ако се прашувавте како да бојадисате јајца со шлаг, вие сте на вистинското место!

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Бојадисувањето на велигденски јајца е голем предизвик за многу домаќинки. Постојат многу начини и трикови кои јајцата ќе ги направат совршени.

Денеска ви пренесуваме уште една интересна техника за која ви е потребен шлаг и уште неколку состојки.

Потребни состојки:

-шлаг

-бои за колачи (гел/течност)

-светки за торта (во прав)

Начин на подготовка:

Пред да ги сварите, избришете ги јајцата со оцет (пожелно е јајцата да бидат бели). Сварете ги и ставете ги на крпа да се изладат. Изматете го шлагот, истурете го во длабок сад, во кој ќе ги додадете течните бои и со чепкалка правите дезени. Се валкаат јајцата во шлагот и се оставаат така околу 15 минути, па се ставаат под млаз вода, се измива шлагот и се ставаат на крпа да се исушат. На крајот само ги премачкувате со масло.

ЛИНК ДО ВИДЕОТО

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.