HomeАктуелноФатен криминалец осуден на казна затвор од 20 години

Фатен криминалец осуден на казна затвор од 20 години

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје денеска во 16:20 часот на ул.„Лисец“ во Скопје го лишија од слобода С.М.(27) од Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од МВР појаснуваат дека тој бил осуден на казна затвор од 20 години за сторени кривични дела по член 186 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на  наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, за доиздржување на шест години и два месеци од казната.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.