На 23.07.2023 околу 16.00 часот, во СВР Охрид, пријавено е дека, пред угостителски објект кај охридското село Долно Коњско едно лице физички го нападнало Т.Т.(55) од Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
