Денес во охридското село Свиништа беше осветено ново духовно светилиште на манастирот Пресвета Богородица.

Со благослов на Дебарско-Кичевскиот Митрополит господин Тимотеј се изврши осветувањето на манастирот Св.Богородица во село Свиништа, велат организаторите за редакцијата на powerinfo.mk
Имено, по чинот на осветувањето на храмот следеше свечена трпеза, додека по ручекот следуваше и прослава со музички дел по повод големиот ден.




Подготвил: Е.Р




