HomeАктуелно(ФОТО) Езерската полиција се вклучи во акцијата „Безбедно лето 2023“

(ФОТО) Езерската полиција се вклучи во акцијата „Безбедно лето 2023“

Во рамки на реализацијата на оперативниот план „Безбедно лето 2023″ се вклучија и полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро” (Езерска полиција), која е во состав на граничната полиција на Регионалниот центар „Запад”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тие, вршејќи активности со пловни чамци по Охридското Езеро, го спроведуваат проектот „Превенција од сончаница и топлотен удар”, при што остваруваа контакт со граѓани кои пловат по езерото и низ непосредна комуникација ги потсетуваа дека топлото време и високите температури може да предизвикаат и сериозни последици врз здравјето и да доведат до состојби како што се сончаница и топлотен удар, кои понекогаш можат да бидат и закана за нивните животи.

Притоа, на граѓаните им беше поделен и едукативн материјали со практични совети за избегнување на несаканите последици. Ваквите превентивни активности ќе продолжат и во наредниот период.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.