Тешка сообраќајна несреќа на патот Охрид- Ресен, поточно во близина на селото Завој, на местото викано “кај тунелите” се случи утрово, дознава редакцијата на powerinfo.mk
Според првичните информации со кои располага нашата редакција, има и тешко повредени лица, а на местото на настанот интерневира и полицијата која врши увид.

Моментално сообраќајот е во прекин.
Подетални информации очекуваме во текот на денот од страна на СВР Охрид.
