За прв пат се вклучи осветлувањето, на асфалтот се појави и скапоцената Невера на Римац.
Грандиозниот мост долг 2,4 километри се уште не е отворен , но синоќа се случи генералната проба под диригентската палка на Креша Доленчиќ.


Јавноста виде дека се е подготвено за вечерашното спектакуларното отворање на Пељешкиот мост, пишува Јутарњи лист.

Комарна и Бријешта конечно ќе се поврзат со мост и ќе биде исполнет сонот на многу генерации, велат жителите.

Тоа ќе се случи доцна вечерва кога првите автомобили ќе го поминат мостот.

Пељешки Мост се држи на дванаесет столбови и две потпори, како што се нарекуваат почетна и крајна потпора на копното, Пељешкиот мост со вкупна должина од 2,4 километри ќе ги поврзува хрватскиот север и југ.

Прв автомобил кој ќе помине по мостот ќе биде скапоцената Невера на Римац.


Невера, која ќе го премине Пељешкиот мост, е првиот произведен примерок на електричниот хиперавтомобил на „Rimac Automobil“. Од другата страна на мостот, од Бријешта, ќе тргне автомобил во кој ќе биде поранешниот трикратен европски шампион во планински трки Нико Пулиќ.


Пељешкиот мост чија изградба чинеше 420 милиони евра е најголемиот хрватски инфраструктурен проект финансиран од фондовите на Европската Унија.





