HomeАктуелноФОТО: Шлепер се превртел на патот Скопје – Блаце, сообраќајот во прекин

ФОТО: Шлепер се превртел на патот Скопје – Блаце, сообраќајот во прекин

Шлепер се превртел утрово на патот Скопје – Блаце, по што сообраќајот е во прекин.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информира МВР, за среќа нема повредени лица.

На 09.03.2024 год. во 06:50 часот на магистрален пат Скопје – граничен премин Блаце случена е сообраќајна незгода при што ТМВ МАН изгубил контрола и истиот се превртел на коловоз при што се зафатени двете коловозни ленти, повредени нема. Известени се ПС за ГП Блаце и сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. На лице место се растовара роба од камионот од околу 25 тона пластика за пвц и присутна и служба од царина,наведуваат од Министерството за внатрешни работи.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.