HomeАктуелноФункционерите политичките кампањи да ги водат надвор од институциите, бара независен полициски синдикат

Функционерите политичките кампањи да ги водат надвор од институциите, бара независен полициски синдикат

Независниот полициски синдикат бара политиката и политичките кампањи да се реализираат надвор од институциите, а работниците да не се злоупотребуваат за политички цели. Синдикатот реагира по ненајавената посета на техничкиот премиер Талат Џафери на СВР Тетово. Реагираат, оти, како што велат, техничкиот премиер, неовластено упаднал и неовластено снимал вработени кои ги извршуваа своите работни задачи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Синдикатот бараат министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи да застанат во одбрана на работниците.

Да реагираат и да ги спречат притисоците врз нив, како би ги покажале на дело декларативните заложби на кои укажаа уште првиот ден од техничката Влада, рече претседателот на Синдикатот Гоце Делчев.

Изјава на Претседателот на НСП, Гоце Делчев Тодев

ЛИНК

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.