HomeАктуелноХаос во Даблин по напад со нож во кој повредени се 3 деца, запалени автобуси, полициски автомобили, трамвај

Хаос во Даблин по напад со нож во кој повредени се 3 деца, запалени автобуси, полициски автомобили, трамвај

Синоќа во Даблин имаше масовни и насилни демонстрации поради кои се слушаа силни експлозии во градот, а полицајаците со штитови се труделе да ја контролираат толпата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Нередите биле предизвикани како реакција на нападот со нож врз неколку лица, кој се случил попладнето во четвртокот на 23 ноември.

Во тој инцидент повредени се пет лица, меѓу кои и три деца.

Кога излезе оваа вест, илјадници луѓе излегоа на улиците да протестираат.

Набрзо овие протести станаа насилни, а имаше сериозни судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Јавниот превоз е во прекин, а граѓаните се советуваат да не излегуваат на улица.

На улица беа испратени вкупно 400 полицајци, а демонстрантите до темел запалија автобус и полициски автомобил.

Покрај тоа, искршени се стакла на повеќе места во центарот на градот, а ограбена е и една продавница, пишува Ројтерс.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.