HomeАктуелноХорор во Словенија – има и загинати

Хорор во Словенија – има и загинати

Едно лице загина во поплавите во Камник на северот на Словенија, објавија медиумите. Порталот Камник.инфо објави дека водата однела постар жител во атарот на населбата Бистричице.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Полицијата утринава соопшти дека пред куќа во месноста Камник е пронајдено тело на мештанин, но дека поради поплавите не можеле да излезат на местото на настанот. Силниот дожд предизвика големи поплави во западна, северна и делови од централна Словенија, додека Агенцијата за животна средина (АРСО) го крена алармот на највисоко ниво бидејќи се очекуваат нови врнежи и поплави.

Податоците на АРСО покажуваат дека во делови од северна, северозападна и централна Словенија паднале над 100 милиметри дожд во рок од 24 часа, што е просечната месечна количина на врнежи. Според прогнозата, се очекува дождот да продолжи да врне и во сабота, а за тие делови од земјава е издадено црвено предупредување бидејќи реките во некои делови се веќе излеани.

Во Коменда, северно од Љубљана, беше прогласена вонредна состојба поради поплавите, а од луѓето беше побарано да не ги напуштаат своите домови во Камник, каде што се затворени сите градинки, бидејќи сите патишта се блокирани, пренесе агенцијата СТА.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.