HomeАктуелноХрватски студенти демолирале познат хотел во Охрид – Еве што остана од него (ВИДЕО)

Хрватски студенти демолирале познат хотел во Охрид – Еве што остана од него (ВИДЕО)

Како што пишуваат хрватските медиуми, студенти од хрватскиот град Загреб и Србија демолирале хотел во Охрид во кој престојувале на петдневна екскурзија. Менаџерот на хотелот во изјава за „24сата.хр“ се пожалил дека загрепските студенти биле агресивни.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„Разбираме дека се работи за млади луѓе, но мора да се преземат мерки. Имаме големи групи студенти, но ова досега не сме го имале, никогаш немало проблем“, вели менаџерот на охридскиот хотел.

На објавеното видео од хрватскиот медиум може да се види скршен хотелски инвентар, искршени прозорци, пивски шишиња на покривот, тоалет кој изгледа како да е запален. Наводно, студентите палеле факели во собите и ходниците. Луѓето кои го погледнале видеото, го осудуваат насилното однесување на младите и велат дека вакво нешто досега не виделе.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.