HomeАктуелноХрват казнет со 20 евра зошто му рекол на полицаец дека „и овца е попаметна од него“

Хрват казнет со 20 евра зошто му рекол на полицаец дека „и овца е попаметна од него“

51-годишен Хрват од Славонија, судот го прогласи за виновен оти на 22 октомври минатата година во писмена претставка му напишал на полицаец дека „и овца е попаметна од него“. Судот оцени дека обвинетиот сторил прекршок од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир со омаловажување и навреда на полициски службеник при вршење на службената должност и изречена му е глоба од 19,91 евра, пишува Глас Славоније.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Казната треба да ја плати во рок од 30 дена од приемот на пресудата, а доколку во наведениот рок плати две третини од глобата која изнесува 13,27 евра, ќе се смета дека казната е целосно платена.

Во својата писмена одбрана, обвинетиот признал дека во писмената претставка против постапувањето на полицијата, меѓу другото напишал дека „овца е попаметна“ од еден од полицајците. Но, се бранел дека не сакал да го навреди полицаецот, посочувајќи дека е свесен за тежината на полициската работа бидејќи и неговиот вујко е полицаец.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.