HomeАктуелноХуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022

Хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022

На 26.06.2022 година во просториите на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид ќе се одржи првиот хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022, покровител на настанот се Македонските Темплари „Св.Наум Охридски“, во соработка со К.К „Колибри“ – Охрид, Здружение Енхелеус Лихнид, Лабино саунд и Црвен Крст – Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Oва е прв хуманитарен турнир – Street Basket 3х3 „Од деца за деца“ Охрид 2022 год., кој се надеваме во иднина да прерасне во традиција, турнирот ќе биде одлична можност за децата на возраст од 10 до 15 години од Охрид и пошироко, да се дружат, спортуваат и го развиваат хуманитарниот дух, велат од Македонски Темплари.

Турнирот во баскет “ 3 x 3 “ ќе се игра на 26-ти јуни на игралиштето на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, а натпреварите ќе започнуваат во 09 часот или во 17.00 часот во зависност од бројот на екипи. Ќе се игра во систем по групи, а потоа ќе следи вкрстување и нокаут рунда, додаваат организаторите.

На турнирот ќе настапуваат деца од три категории и тоа:

1. Прва категорија за деца 10-11 годишна возраст,

2. Втора категорија за деца од 12-13 годишна возраст и

3. Трета категорија за деца од 14-15 годишна возраст.

Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3(тројца) или 3+1 (играч) да пополнат апликација за учество и да уплатат лично котизација во висина од 600 денари по екипа, можат да учестуваат машки и женски екипи или екипи со мешан состав

Пријавувањето на екипите може да се врши на нашата официјална страна или facebook : powerinfo.mk / Е-пошта: info@powerinfo.mk или на телефонскиот број: 076/953-885. Пријавувањето ќе биде од 04.06-23.06.2022 година.

Сите собрани средства ќе бидат донирани во Центарот за аутизам во Охрид.

Имено, за најуспешните три екипи обезбедени се вредни награди од страна на главниот покровител на настанот Македонски Темплари “Св. Наум Охридски“-Охрид, додека секој учесник добива капа и маица.

Ова е настан кој дефинитивно не смее да се пропушти!

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.