HomeАктуелноЦариниците ќе добијат 60 боди камери од САД

Цариниците ќе добијат 60 боди камери од САД

Бобан Николовски, директорот на Царинската управа, во синоќешните вести на МТВ најави дека цариниците во иднина ќе носат боди камери со кои што се очекува да се намали значително нивото на корупција и ќе се зголеми контролата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За сузбивање на корупцијата преземаме конкретни мерки, во скоро време ќе се набават 60 боди камери за што е обезбедена донација од амбасадата на САД, рече Николовски во вестите на Сител телевизија.

На сите гранични премини веќе е поставен системот за видео надзор и препознавање на регистарски таблички кој покрај безбедносна функција ќе делува и во насока на олеснување на трговијата преку алармирање кога одредена лента е оптоварена.

Тој додаде дека интензивно се работи и на отпочнување на проектот за автоматизација на терминалите со грант од ЕУ,  а најави и координирани акции во иднина со останатите институции.️

Размената на податоци е клучна за сузбивање на криминалот, но и за креирање ефективни реформски политики при што веќе се договорени конкретни активности со УЈП, Народна банка, Бирото за јавна безбедност, Државен завод за статистика, истакна Николовски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.