HomeАктуелноЦаринска управа: Mигранти пронајдени во товарно возило кое патувало за Франција

Царинска управа: Mигранти пронајдени во товарно возило кое патувало за Франција

Царински инспектори од Одделението за оперативни работи, спречија обид за нелегален влез на четворица мигранти по контрола на товарно моторно возило на граничниот премин Богородица чија крајна дестинација била Франција, информира Царинската управа.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како што информираат оттаму, мигрантите биле скриени во полуприколката на товарното возило, меѓу палети со стока пријавена за транзит. Тројца од мигрантите согласно нивната изјава се од Сиера Леоне, а едно лице е од Нигерија.
Лицата се предадени на Одделот за гранични работи и миграции при Министерството за внатрешни работи за понатамошна постапка, додаваат од Царина.

 

Граничната контрола, спречување меѓународен криминал и безбедноста на државата и натаму останува императив во работата на Царинската управа, се потенцира во соопштението од Царина.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.